Илинден е нашата напишана книга и Свечен чин, сето друго е митологија

На тој ден Илинден 2023

Одбележувајки го Денот на Републиката, 2. август, Илинден, го прославуваме создавањето на нашата држава врз одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

Во исто време ги бележиме 120 години од Илинденското востание од 1903-та. Тие настани имаат длабока врска во меморијата, историјата и културата, па се дел и од нашиот севкупен актуелен живот, бранувајки ја јавната мисла од притоки и ливиринти со недоволно познавање на минатото, особено по далечното.

Во свечен час на ова динамично модерно време, треба со дистанца и учено да се пристапува кон настаните од 1903 година, бидејки тој Илинден е во сосема друг контекс, а тие 120 години раскажуваат една широка географија во рамките на Отоманската империја.

Тогаш на силното национално самочувствие кај Македонците, од преродбата кон почетокот на дваесетиот век , му се приклучуваат и социјални и мултинационални, идеолошки, со лева, социјалистичка опција, до екстремни анархо-нихилистички преокупации, искажувани претежно и преку ВМРО како организација, всушност партија.

Со „помош“ на националните соседски буржуазии,се растура семе на раздор,преку ветувања за припадност кон „филства”, Бугарски, Српски и Грчки. Така се успева во деструктивни влијанија на поделби. Доволно е да се укаже на создадениот Врховен комитет во Софија, со предзнак на Македонската емиграција за собирање помош(?), а паралелно контролирани од Дворот, како и Бугарските тајни братства, во случајот за Македонија, вметнувањето на членови со јасна Бугарска провиниенција во ВМРО, како Гарванов, директор на Бугарската егзархијска гимназија во Солун, обучен агент, за чии методи гимназијалците, претежно Македонци, запретиле дека ќе го фрлат низ прозор, па во училници со пиштол влегувал.

За жал, неговите методи со емотивни фрази, допираат и до угледни дејци, како Даме Груев, кој набојот од Гарванизмот од измислениот Конгрес во Солун (повикување на робството, на Џумајско-Петрички план за востание, на прав и пепел и слични фрази), делумно го пренесува и на Смилевскиот конгрес во Битолскиот регион.

Тие се клучните центри на бараниот „попис“ на војводи и чети(?), за да има увид Врховниот комитет, како да помага на „комитската“ партија (омилено потсмевање со бројната структура на ВМРО, пред „странците“, заради помош(?), всушност манипулација и контрола.

На тоа жртвување беа наведени водачите на Илинденското востание (со панично избрзување и закажан термин -Илинден.)

Всушност,правејки спор за востанието, за кое повеќето како и Гоце Делчев, сметале дека не смее да се избрза, дејците го кренаа тоа Востание, што заврши неуспешно и трагично.

Претворајки се во епска приказна, Востанието всушност ги ослаби сите човечки потенцијали и отвори пат за идните делби и грабежи врз „Македонското прашање“, пат за Балканските војни, подготвени уште пред 1903-та.

Воедно, тоа е приказната за Гоце Делчев и разболениот и разочаран Крсте.П Мисирков во Софијската болница, како и стотици нивни следбеници и илјадници жртви.

2. На тој ден, Илинден 1944 година, во спомен и почит кон трагичното минато, се свика Првото Антифашистичко собрание, АСНОМ, подготвено од ослободителните народни одбори со делегати учесници, а под заштита на силното партизанско движење, кое создаде Ослободителна војска, со меѓународна подршка на антифашистичката коалиција во сојуз со другите југословенски народи.

АСНОМ, се оддржа врз темелите на сопствената борба на Македонците и другите национални заедници, а како резултат на вековната енергија, државотворниот борбен и културнопросветителски пат. Имаше основа и поука дека треба да се избориме за да ја зграпчиме таа последна шанса за создавање на Македонска држава.

За Собранието и одлуките беа информирани сојузниците кои го подржаа и поздравија, а со тоа се потврди и предходното верифицирање со одлуките на АВНОЈ од 1943 г.

Денес, на тој ден, Илинден, ние се соочувама со нашето минато, но со нова енергија на слободни и просперитетни граѓани, за нашето место во цивилизирана Европа, со високите сметки на успешните идеали: Слобода, братство и еднаквост.

Да е честит Илинден 2023.

Борко Зафировски
извор: Цивил

Back to top button
Close