Игор Југ до Манчевски: Какво оружје носев?

Игор Југ до Манчевски: Какво оружје носев?
игор-југ32

И обвинетиот Игор Југ го прашуваше сведокот Дамјан Манчевски, генерално неговите прашања беа одбиени, со образложение дека се директни, а не вкрстени прашања.

„Како со толку удари, удар со бокс со скршен нос, цело време сте биле удиран, шамари и со закани за децата сте можеле толку јасно да видите што сум правел јас. Какво оружје носев?” го праша обвинетиот Игор Југ сведокот Дамјан Манчевски.

На ова министерот Манчевски одговори: „Не сум експерт за оружје. Но носевте оружје кое може да се стави во панталони”, одговори Манчевски. По ваквиот одговор, Југ го праша дали тоа може да е пендрак, нож?

Но, ваквото прашање на обвинетиот Игор Југ од страна на судот беше одбиено.