И Заев и Мицкоски во Софија, на различни самити

И Заев и Мицкоски во Софија, на различни самити
16.05.18   11:06

Прочитано : 402

Print This Article
loading...

Подготовка за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на 17-ти мај – е темата на  Самитот на Европската народна партија (ЕПП) што ќе се одржи денеска во бугарската престолнина. Домаќини се претседателот на ЕПП, Жозеп Дол и премиерот Бојко Борисов, а на Самитот ќе присуствуваат претседателите на Европскиот парламент и на Европскиот совет – Антонио Тајани и Доналд Туск и членови на претседателството на ЕПП. На Самитот ќе учествуваат кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, премиерите на Австрија, Унгарија Хрватска и Ирска – Себастијан Курц, Виктор Орбан, Андреј Пленковиќ и Лео Варадкар. Меѓу имињата на лидери на народните партии од Холандија, Чешка, Португалија, Италија (Силвио Берлускони), Грција (Киријакос Мицотакис), Албанија (Лулзим Баша), е и името на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, до кое стои референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

 

Средба на тв-дуел

А токму обидот да се стави крај на употребата на оваа референца, односно да се реши дводеценискиот спор за името, во изминативе два дена ги вжешти тоновите на релација ВМРО-ДПМНЕ – „Илинденска“ број 2.  По најавите во грчките медиуми дека „решението е за името е во рацете на Заев и Ципрас“ и прашањето „дали грчкиот и македонскиот премиер во Софија ќе си подадат рака (дали ќе постигнат договор – н.з)?“, опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба на која ќе учествува и шефот на државата, а на која премиерот и министерот за надворешни работи Никола Димитров би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името. Таква можност до вчера немаше. Шефот на дипломатијата во понеделникот замина во посета на Холандија и од таму директно ќе допатува на утрешниот Самит во Софија. Во неможност да се одржи лидерска средба, премиерот Заев понуди тет-а-тет средба со Мицкоски. Но, не се сретнаа во Скопје, најверојатно ќе се разминат во Софија, а Мицкоски очекува да се најдат на тв-дуел. Ваквиот одговор стигна по синоќешната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Mazedonien Hristijan Mickoski, Generalsekretär der Oppositionspartei VMRO-DPMNE (Petr Stojanovski)Христијан Мицкоски најави неколку средби во Софија

„Еве и да му одговорам на претседателот на Владата на неговата покана за тет-а-тет средба. Истата можам да ја прифатам, но наместо во неговиот удобен кабинет, да го повикам на телевизија за да можеме да се соочиме пред граѓаните на Република Македонија. Да дискутираме за ова прашање, за да може тој да ги информира граѓаните како преговара, и за што преговара“, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека за такво сериозно прашање, како што се разговорите за спорот за името, логично е да се отвори фронт на консултации со што е можно поголем број целни групи.

„Една таква целна група е и ВМРО-ДПМНЕ, но и сите парламентарни партии, бидејќи е логично тие партии да одлучуваат понатаму за некаков евентуален, хипотетички договор помеѓу Република Македонија и нашиот јужен сосед. Цениме дека лидерска средба во присуство на претседателот на државата ќе биде од огромно значење и можеше да биде и поддршка во целокупниот овој процес. Ценам дека одбивањето е чин на голема неодговорност, покажување на пркос, покажување на непочит кон македонскиот народ, кон оние луѓе кои што ги гласале тие политичари“, оцени Мицкоски.

Тој потврди дека денеска патува во Софија на Самитот на Европската народна партија, каде веќе се потврдени неколку негови средби, за кои јавноста ќе биде информирана.

Mazedonien pro-Regierungsdemonstration in Skopje (DW/K. Blazevska)ВМРО-ДПМНЕ со одлука протестот да го одржи на втори јуни

Протест на втори јуни

Завчера на седницата на Извршниот Комитет, и вчера на седницата на Централниот Комитет, ВМРО-ДПМНЕ ја разгледувало актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија. Било оценето дека една година од  формирањето на Владата што ја предводи СДСМ во коалиција со ДУИ, останале многу нереализирани ветувања.

„Економијата комплетно е разурната. Нема реформи ниту во образованието ниту во здравството, ниту во социјалата, само празни политички памфлети. Логично е ВМРО-ДПМНЕ да отвори внатрепартиска дебата, но истовремено да понуди и еден гантограм на активности кој што ќе следуваат во периодот понатаму. Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата. Тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест кој што ќе се случи на 2-ри јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија“, најави Мицкоски, и ги повика „сите обесправени, разочарани и излажани од Заев и политичарите околу Заев, да тргнат во битка за конечено поразување на ненародната Влада“.

Најавениот протест коинцидира со периодот во кој се очекува Македонија и Грција да се приближат до решение за спорот за името. Одреден исчекор се очекува и на утрешната средба Заев -Ципрас. ЕУ во повеќе наврати ја потенцираше важноста од решавање на спорот заради деблокирање на интегративниот пат на земјата, со поддршка и конструктивен однос на сите чинители, особено на опозицијата.

извор: Дв

loading...
  Категории: