И вечерва протест пред Собранието – засега мирно

И вечерва протест пред Собранието – засега мирно
18.06.18   21:26

Прочитано : 596

Print This Article
loading...

Нов протест вечерва пред Собранието. Стотина граѓани повторно излегоа во центарот на Скопје на протести против потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција и промената на уставното име. За разлика од вчерашниот овој протест е помалку броен, а меѓу присутните најголем број се лица во поодминати години.

Меѓу насобраните граѓани има и помлади лица кои имаат покриени лица со качулки и фантомки. Еден од присутните е и Александар Пандов, кој во изјава за медиумите истакна дека „се придружил на повиците за протест против договорот кој го потпишаа двете земји“.

Собранието и вечерва како и вчера е под силно полициско обезбедување но засега е мирно и нема инциденти.

  Категории: