И специјалните обвинители ќе ги отфрлат помилувањата на Иванов и ќе отворат нов случај

И специјалните обвинители ќе ги отфрлат помилувањата на Иванов и ќе отворат нов случај
14.04.16   00:19

Прочитано : 13,916

Print This Article

На денешната прес конференција на СЈО, обвинителите Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски ќе ги отфрлат помилувањата од претседателот Иванов.

katica sjo specijalno

Трите обвинители од СЈО имаат кривични пријави за наводно вршење притисок врз сведоци, односно и тие се во списокот од 56 помилувани.  Либертас дознава дека тие ќе ги отфрлат помилувањата и невиноста ќе ја докажуваат преку суд.

Од помилувањата на Иванов јавно се откажа и екс председателот Бранко Црвенковски а вчера и лидерот на опозицијата Зоран Заев. Тој ги повика и помилуваните функционери од власта да се откажат од помилувањата но засега никој од нив не го стори тоа иако и ВМРО-ДПМНЕ со соопштене се огради и ги осуди помилувањата од Иванов.

СЈО, како што дознава Либертас, денеска најверојатно ќе отвори и нова афера- перење пари преку јавни претпријатија.

Се погласни се шпекулациите и дека Уставниот суд спрема укинување на Специјалното обвинителство, што би довело до кулуминација на гневот кај граѓаните. Заев рече дека доколку ова се случи тогаш граѓаните ќе мора да ја земат правдата во свои раце.

Дополнето: 04.14.2016

view more articles

Актуелно