Груевски во 4-та изборна единица поради Заев, ова се останатите носители од ВМРО-ДПМНЕ

Груевски во 4-та изборна единица поради Заев, ова се останатите носители од ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе биде носител во 4-та изборна единица, каде што е носител и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

gruevski

„Како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014-та го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра 4-тата изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во 4-ката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. После се’ што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што и го направи на Македонија“, напиша Груевски вечерва на Фејсбук.

Во 4-та изборна единица носители на листи се и Љубчо Георгиевски од коалицијата „ВМРО за Македонија“ и Слободан Богоевски од Коалицијата за промени и правда.

Останатите носители на изборни единици се истите што ВМРО-ДПМНЕ ги предложи за изборите кои беа планирани за 5 јуни, но се откажаа. Единствено распоредот е различен.

Сега првата изборна единица ќе ја предводи Никола Попоски. Во двојка, Никола Тодоров, во третата изборна единица, Илија Димовски, во петтата Антонио Милошоски, а во шестата изборна единица носител ќе биде Влатко Ѓорчев.