Груевски: Сакаа да не направат монструми, затоа сега му е мајката Заев да биде поразен

Груевски: Сакаа да не направат монструми, затоа сега му е мајката Заев да биде поразен

Народот на овие избори ќе донесе огромна победа за нашата коалиција и ќе покаже дека тој народ е газда во оваа држава. Народот ќе им го даде својот одговор на сите кои го потценуваа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната конвенција на Коалицијата за подобра Македонија.

gruevski-konvencija-1

На конвенцијата на која беа промовирани кандидатите за пратеници, Груевски рече дека во изминатиот период на лични навреди, тешки клевети и омаловажувања од страна на опозицијата, успеал да издржи благодарение на довербата од народот.

–  Сакаа да не направат монструми. Но народот го виде тоа. Го препозна. Против Заев и на неговите ментори во Македонија се случи нешто слично како во изборите во САД, ако погледнете има многу сличности во сето ова што и таму се случува. Против Заев се случи движење на тивкото мнозинство. Тоа се луѓе кои останаа да не поддржуваат и покрај цела црна кампања против нас, кои не подлегнаа на провокациите да има крв како што замислиле тие, ако се сеќавате добро што им беше планот, туку молчеа, трпеливо и мудро согледуваа и не наседнуваа, рече Груевски.

Народот ќе им го даде својот одговор на сите кои го потценуваа. Сега му е мајката Заев да биде поразен за се она што тој и го направи на Македонија, рече Груевски.

Според него, овие избори ќе бидат поразлични од останатите и по тоа што тој заедно со лидерот на СДСМ ќе си ги одмерат силите во Четвртата изборна единица.

– После се што се случи, потребно е да му се даде можност на народот да одлучи за премиер меѓу мене и него, и на целата територија во Македонија, но и во 4-тата ИЕ. Каде лично и двајцата како индивидуи ќе ја побараме поддршката на граѓаните. Време е заедно со народот, да го соочам со реалноста и да го победам, поточно заедно со народот да го победиме и да претрпи директен пораз во изборна единица која тој ја избра и во градот каде е градоначалник, да види на свој терен, во својата околина што мисли народот за сите негови лаги кои ги искажа за мене, а не да ми пушта во изборната единица 1, луѓе кои ги мести да изгубат за да не му бидат конкуренција после изборите во трката за избор на претседател на СДСМ, рече Груевски.

Тој додаде дека е извесно оти лидерот на СДСМ ќе биде поразен што ќе биде пресудно за неговата политичка кариера. – Заедно со мнозинството народ и особено со граѓаните од тој регион не само што ќе покажеме каков е одговорот на овој слободоумен народ кога некој сака на нечесен начин и со надворешна помош да дојде на власт, туку ќе испратиме порака и до многумина други, дека тоа што го наумиле, не може така да помине кај овој народ, кај овие луѓе, кај оваа генерација Македонци, истакна Груевски, додавајќи дека опозицијата ќе биде поразена и во останатите изборни единици.