Груевски без оценка за работата на Мицкоски, вели дека треба да му се остави време

Груевски без оценка за работата на Мицкоски, вели дека треба да му се остави време
13.03.18   17:55

Прочитано : 317

Print This Article
loading...

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека ретко се среќава со неговиот наследник Христијан Мицкоски, кој, како што тврди, самостојно ја води партијата.

– Не би ја оценувал работата. Тоа е ново раководство кое има свои приоритети и треба да се остави време да се покажат со своето работење и капацитети. Верувам дека работите ќе одат во добар правец, рече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање дали Мицкоски се консултира со него за одлуките што го носи.

Во однос на процесите што се водат во Кривичниот суд против него, оцени дека ако се работи согласно закон не само што не требало да го осудат, воопшто не требало да има судење.

– Судот од старт требаше да ги отфрли овие обвинувања. Ова стана еден вид театар на апсурдот. Кога имате заробено судство и не се работи според закон се е можно, но да оставиме можност за судиите да работат по закон, изјави Груевски пред Кривичниот суд во Скопје каде што денеска се одржа рочиште за „Насилството во Центар“.

  Категории: