Грчкиот амбасадор во Москва повикан на разговор поради антируски изјави

Грчкиот амбасадор во Москва повикан на разговор поради антируски изјави
20.07.18   17:09

Прочитано : 92

Print This Article
loading...

Грчкиот амбасадор во Москва повикан на разговор поради антируски изјави

Руската влада го повика на разговор грчкиот амбасадор во знак на протест поради протерувањето на двајца руски дипломати, како дел од несогласување околу плановите на Македонија за членство во НАТО.

Руското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение информира дека грчкиот амбасадор Андреас Фриганас бил повикан денеска за да му се изрази „одлучен протест против континуираните антируски изјави од грчката страна”.

Грчката агенција „АНА“ соопшти дека грчкиот амбасадор имал „пријателски разговор“

Претходно оваа недела портпаролката на руското Министерство за надворешни работи ја обвини грчката влада дека учествува во „валкани провокации”. Грчкото Министерство за надворешни работи врати дека „постојаното непочитување на Русија кон Грција мора да престане”.

Минатата недека Грција протера двајца руски дипломати и забрани влез во земјата на други двајца откако се дозна дека свештеници и други организации примале пари од Русија за да протестираат против договорот за името со Македонија, а со што се овозможува влез на земјата во НАТО, пренесува Танјуг.

За време на денешниот состанок на грчкиот амбасадор во руското МНР не биле најавени контра-мерки поради протерувањето на руските дипломати, соопштија неименувани извори.

loading...
  Категории: