ВИДЕО: Граѓанските здруженија не му веруваат на Марин – ја одбија неговата покана за вонредната седница

ВИДЕО: Граѓанските здруженија не му веруваат на Марин – ја одбија неговата покана за вонредната седница
11.10.18   14:24

Прочитано : 178

Print This Article
loading...

Дел од граѓанските здруженија нема да седнат на иста маса со локалните власти на општина Аеродром. Активистите од „Сакаме Аеродром да дише“ во објава на социјалните мрежи ја одбија поканата на градоначалникот, Златко Марин, и му порачаа дека го гласале за да ги решава проблемите, а не да им ги препушта на граѓаните.

„Мандатот во превод значи дозвола да одлучува во нивно име. Не е работа на граѓаните да изнаоѓаат компромисни решенија со бизнисмените од градежништвото. Ние, граѓаните ќе делуваме надвор од институциите, а не „од внатре“, бидејќи во минатото се покажало многу пати дека лидерите на граѓанскиот сектор штом седнат на иста маса со функционерите веднаш ја менуваат плочата“ – пишува во објавата.

Овој став активистите го соопштија и на вчерашниот протест пред градилиштето кај Мајчин дом. На вториот протест во низа, здруженијата и жителите побараа трајно запирање на изградбата на деветкатницата. Во изјава за медиумите тие изразија сомнеж во намерите на локалната власт да ги исполни граѓанските барања.

„Ова не е нешто што е првпат видено, Ивица Конески ни ја направи истата финта кога се буневме против донесувањето на новиот ДУП. Тогаш го повлече на измена и доработка и на тој начин го бајпасираше граѓанскиот револт“ – изјави Искра Манојлоска од „Сакаме Аеродром да дише“

Фактот што седниците на Советот се од јавен карактер и секој граѓанин може да присуствува, според активистите зборува за лицемерието на градоначалникот Марин кога јавно се пофали дека ги кани на дебата.

Неговото решение да ја запре изградбата на 15 дена поради неправилности на градилиштето, не ги поколеба повторно да излезат на протест. Од друга страна пак инвеститорот најавува тужби бидејќи, како што кажа во разговор за 1ТВ, му се заканувале милионски загуби доколку не продолжи да гради. Тој не е поканет на утрешната седница, активистите пак одбиваат да присуствуваат, па така останува нејасно за какво решение ќе дебатираат советниците, кога и самиот градоначалник Златко Марин, на една од прес конференциите кажа дека за конкретниов случај на општината и се врзани рацете.

Христијан Баневски

loading...
  Категории: