Граѓаните на Ѓорче Петров денеска на нови протести

Граѓаните на Ѓорче Петров денеска на нови протести
16.04.18   13:26

Прочитано : 162

Print This Article

Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести поради вчерашниот инцидент во кој автомобил удри десетгодишно дете. Според информациите, момчето имало внатрешно крвавење, напукнат череп и исчанчување на едното рамо.

Очевидци за „Макфакс“ изјавија дека во возилото имало маж и жена, кои веднаш по ударот, момчето го однеле на Ургентниот центар.

Непосредно по несреќата, стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Тие велат дека повеќепати барале да бидат поставени светлосна сигнализација и легнати полицајци, но наишле на отпор од надлежните. Жителите се заканија дека ако се случи уште еден ваков инцидент, ќе го запалат цело Ѓорче.

Очевидци за „Макфакс“ рекоа дека момчето ја минувало улицата на пешачки премин, а возилото се движело во споритвна насока за да ги избегне дупките на патот.

loading...
loading...
  Категории: