Ѓорчев е “кредибилниот извор“ на конгресменот Смит за истрага на работата на амбасадорот Бејли

Ѓорчев е “кредибилниот извор“ на конгресменот Смит за истрага на работата на амбасадорот Бејли

Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека побарал Конгресот да ја истражи улогата на американската амбсада во земјава на чело со Џес Бејли откако кредибилен извор од Македонија му предочил оти амбасадата поддржувала левичарски медиуми и невладини организации кои, според него, заземале страна на изминативе избори.

gruevski-i-smit-696x392

Либертас од дипломатски извори дознава дека кредибилниот извор односно конекцијата на конгресменот Смит со врвот на ВМРО ДПМНЕ е пратеникот од оваа партија Влатко Ѓорчев. Тој ја искористил блискоста на конгресменот Смит со таткото на неговата сопруга која е Американка.

Ѓорчев го запознал конгресменот Смит и со Никола Груевски пред предвремените парламентарни избори кога заедно со него и министерот Поповски престојуваа во Вашингтон на како што објавија “работни средби“. Тогаш беше објавено и за средба Груевски-Смит после која тој изјавил дека бил импресиониран од лидерството на Никола Груевски.

– Јас испратив писмо на 17 јануари, потпишано од уште петмина мои колеги и ние се уште немаме добиено одговор од Стејт департментот. Немаме одговори на прашањата што ги поставивме, а ние гледаме вознемирувачки информации кои сугерираат дека САД и посебно амбасадорот Бејли заземаат страна. Тоа би било погрешно. Знаете, една работа е да притискате, а една од работите со кои Хелсиншката комисија и ОБСЕ се гордеат е да се осигураат слободни и фер избори кога се случуваат, но никогаш не заземаме страна. Станува збор за американски пари и американски фондови – вели Смит во интервју за радио Слободна Европа.

Сепак дипломатски извори тврдат дека зад ваквиот ангажман и импресионираноста на конгресменот всушност е блиското негово пријателство со дедото на Влатко Ѓорчев.

Ѓорчев и неговата сопруга беа актуелни во медиумите неодамна кога беше обелоденето дека иако невработена во Македонското Министерство за надворешни работи на сопругата на Ѓорчев подолго време и било исплатувани месечно по 1000 евра.