Германските клубови потрошиле 413 милиони евра за нови играчи

Германските клубови потрошиле 413 милиони евра за нови играчи
21.08.18   18:40

Прочитано : 58

Print This Article
loading...

Германските клубови потрошиле 413 милиони евра за нови играчи

Германските фудбалски клубови потрошиле 413 милиони евра за нови играчи до моментов, што е доста помалку во споредба со сумата од 600 милиони евра во минатата сезона, соопштува ДПА.

Борусија Дортмунд води на листата со 73 милиони евра за нови фудбалери, додека шампионот Баерн Минхен не потрошил ниту цент. Трансфер прозорецот се затвора на 31 август, а една недела порано започнува новата сезона во Бундеслигата.

Борусија Дортмунд привлече три од четирите најскапи нови играчи во Бундеслигата: Абдула Диала (од Мајнц 05 за 28 милиони евра), Аксел Витсел (Тјанжин, 20 милиони евра) и Томас Дилеини (Вердер Бремен, 20 милиони евра).

Останатите три големи трансфери се на Аласан Плеа од француска Ница во Борусија Менхенгладбах за 23 милиони евра, на напаѓачот на Евертон Дави Класен во Вердер Бремен за 15 милиони евра и на Жан-Филип Матете од Олимпик Лион во Мајнц 05 за 8 милиони евро.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно