Германија ќе ја брани својата чест во спорот со Турција

Германија ќе ја брани својата чест во спорот со Турција
20.03.17   15:59

Прочитано : 106

Print This Article

Германија нема да се откаже од правото да ја брани својата чест во спорот со Турција, од каде властите во Берлин беа обвинети дека спроведуваат нацистички политики, изјави за германските медиуми денеска Петар Алтмаер, шеф на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел .

Анкара минатата недела ја обвини Германија дека со забраната за турските политичари да учествуваат на митинзи поврзани со референдумот за поглеми уставни овластувања на претседателот Ердоган се однесува исто како нацистите на Хитлер.

„Сите германски партии имаат став дека земјта има чест и таа ќе ја брани својата чест. Споредбата со нацистичките практики е неприфатлива“, изјавил Алтмајер кој во германската влада е одговорен за решавање на прашањата поврзани со бегалската криза.

И покрај најавите од Анкара дека Турција каде сега има три милиони бегалци би можела да пропушти огромен број мигранти кон Европа Алтмаер не е загрижен за иднината на спроведувањето на договорот ЕУ – Турција за запирање на приливот на азиланти кој беше потпишан пред една година. Според него овој договор е важен и за Турција. Со него обезбедуваме бегалците да останат во регионот а Турција не може сама да се справи соовој предизвик.

Во врска со нападите од Анкара денеска реагираа и портпаролката на владата во Берлин Улрике Демер која изјави дека владата многу внимателно го следи ова прашање и го задржува ставот дека ова однесување на Турција е погрешно, јавува дописникот на МИА од Берлин..

Реакција пристигна и од министерството за надворешни работи од каде се додава дека Берлин нема интерес да влезе во спирала на взаемни провокации кои што се креирани со цел да се засили поддршката за претседателот Ердоган на референдумот закажан на 16 април.

„Кој ќе има корист ако ние возвраќаме со иста мера или ако одговараме користејќи го истиот јазик како и турскиот претседател“, изјави денеска портпаролот на германското МНР Мартин Шефер кој вели дека Германија не е наивна за да разбере дека најголема корист од вербални препирки ќе има Ердоган но дека ако Турција претера владата ќе реагира соодветно.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: