ФОТО: Отворена првата „Галерија на отворено“ со графити во ГТЦ – Градот убав

ФОТО: Отворена првата „Галерија на отворено“ со графити во ГТЦ – Градот убав
18.06.18   23:17

Прочитано : 684

Print This Article

Вчеравечер во сутеренот на ГТЦ во Скопје, за прв пат беше отворена првата „Галерија на отворено” на урбана и графити уметност со наслов “ГРАДОТ УБАВ”.

На конкурсот беа пријавени четириесетина уметници, од кои половина беа одбрани да бидат дел од уметничката реализација на проектот.

МКЦ изразува огромна благодарност до Град Скопје за несебичната поддршка, кон ГТЦ за овозможувањето на просторните капацитети за реализација на проектот, како огромна благодарност кон сите артисти: Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска како и кон идејниот автор и проектен координатор Филип Конески.

Проектот е дел и од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), која претставува мрежа на 14 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје и МКЦ), на европското културно богатство и разноликост, чија цел е промоција на меѓународниот креативен сектор преку тренинзи, размени и изложби на визуелни артисти.

loading...
loading...
view more articles

Останати вести