(ФОТО) Анима Мунди: Да се спасат малите волци!

(ФОТО) Анима Мунди: Да се спасат малите волци!
25.05.16   14:12

Прочитано : 942

Print This Article

„Згрозени сме од веста која горделиво е презентирана на телевизија Кобра, за извесен Славчо Трајчев од село Дедино кој нападнал волчје легло и од мајката одзел 6 мали тукушто прогледани волкчиња. На ова лице не му било прв пат – до сега одзел 215 мали волци од нивните мајки, ги изложил на страдање и убил“, соопштуваат денеска од Анима Мунди.

volci

„Срам ни е што живееме меѓу луѓе кои немаат основна почит кон животот, мајчинството и природата. Кукавици и патолошки насилници кои силата ја демонстрираат врз послабите и ништо не им е свето! БАРАМЕ институциите да реагираат и да малите волци бидат спасени, вратени во леглото веднаш! БАРАМЕ најстрога казна за Славчо Трајчев од Дедино за кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните и Законот за ловство.

Информираме дека во теков на денешниот ден за лицето ќе биде поднесена пријава“, се вели уште во соопштението.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести