ФОКУС: Сергеј Самсоненко – проект на Путин и фамилијата

ФОКУС: Сергеј Самсоненко – проект на Путин и фамилијата
17.08.17   20:14

Прочитано : 5,390

Print This Article

Во најновиот број на неделникот Фокус ќе читате:

ТАЛАТ ЏАФЕРИ: ПО ОДМОРИТЕ ЌЕ ИМАМ ДРУГ ПРИСТАП КОН БЛОКАДИТЕ ВО СОБРАНИЕТО
По природа сум доста трпелив и можам да го ислушам сето она што е во рамки на дебатата. Оставив одредено време и граѓаните да гледаат и да сфатат дека оваа работа не води никаде. И затоа мислам дека по одморите, ќе има поинаков пристап во однос на функционирањето на Собранието, вели Талат Џафери во интервју за „Фокус“

СТРАВ ОД НОВ ОБВИНИТЕЛ ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
И дојде крајот на комичната собраниска расправа за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Целата фарса не беше за да се спаси Зврлевски, туку за опозицијата да оди на локални избори без именуван негов наследник, со цел дополнително да не им се извалка образот спроти изборите

ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА СО ГРЦИЈА – ТРАЈНА?
Веќе се работи на нова спогодба меѓу Македонија и Грција, слична на македонско-бугарскиот Договор за пријателство и добрососедство. Со тоа, Времената спогодба од 1995 би станала трајна. Или согласност со референцата Македонија да стане членка на НАТО, или идната година да се потпише нова спогодба, во која би било и компромисното решение за името

ПРЕСКАПИ АВТОПАТИ
„Фокус“ обезбеди документација за изградбата на двата автопата со кинески средства, според која потребни се најмалку 120 милиони евра дополнителни средства за да бидат комплетирани трасите. Ако се додадат и 150 милиони евра за колку што изведувачот остварил противправна имотна корист, граѓаните ќе платат најмалку 270 милиони евра повеќе од потребното

ГУБЕРНАТОРОТ ОД МАКЕДОНИЈА
Мисијата на Сергеј Самсоненко е промашена што се однесува до геополитичката инвестиција на Кремљ. Руската тајна служба морало да биде многу разочарана зашто од овде со години добивала лажни депеши дека Мијалков и Груевски играат изворно на руска карта и затоа треба да им се овозможи нивните валкани пари да се перат со руско знаменце

НЕМА НОЗЕ, А НЕ Е ТРАЕН ИНВАЛИД
53-годишната Снежана Караџовска, која лани настрада во сообраќајка во Турција е револтирана што со две ампутирани нозе над колената не успеала да добие трајна инвалидска пензија, со оправдување од комисијата дека е работоспособна?!

КАРГО КУЛТ
Ако институциите сами по себе се шупливи, ако се само форма без суштина, сеедно е со какви луѓе ќе ги пополниме. Оти првата задача на новите раководители не треба да биде да ги раководат институциите. Туку прво треба да ги создадат институциите, да ги трансформираат од авиони од слама и гранки во вистински авиони. Дури тогаш ќе можеме да полетаме

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Првиот пат беше магистрален, Македонија како полноправна членка на ОН изедначена по сите белези со другите држави-членки. Вториот пат требаше да го спречи приемот во ОН, со можност да се оствари планот за протекторат. Тоа ќе беше најверојатно крај и на најновиот обид Македонија да стане независна држава. Ова со невидена упорност го застапуваше ВМРО-ДПМНЕ

Ерол РИЗАОВ
Воскреснувањето на расчинетиот владетел е новата доктрина, која досега му успеала само на Господ, со длабока верба дека само тој може да помогне да се вратат на власт осомничените за злосторничко здружување против својот народ и татковината, за организиран криминал и корупција од која им се крева косата на главата, дури и на најпревеани гангстери со меѓународна репутација

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во своите очи и во очите на своите верни следбеници, Груевски останува верен на старата лозинка „Слобода или смрт“, ама во една извртена смисла, како што му е извртена и целокупната политика. За да преживее Груевски, Република Македонија треба да умре!?

Ана ПАНОВСКА
Кога веќе му помина ујдурмата со десетте пратенички групи, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со поправниот испит од неуспешно спроведената тактика во априлската сесија. Сега по втор пат се обидува со истата тактика. И тука Џафери потфрли

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Изразот „абракадабра“ во Мафијадонија, во неговото современо значење, почнаа да го практикуваат обвинетите припадници на злосторничкото здружение, кои себеси се нарекуваат со мафијашки жаргон „чесни луѓе“, сакајќи да ги оправдаат своите баханалии во изминатите единаесет години

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести