Фојц најбрз на мундијалскиот спуст

Фојц најбрз на мундијалскиот спуст
12.02.17   17:08

Прочитано : 149

Print This Article
loading...

Швајцарецот Беат Фојц е победник на спуст трката возена денеска во рамките на Светското првенство во Сент Мориц. Домашниот скијач беше најбрз на патеката „Корвиља“ со време 1:38.91 минута.

133565803

За Фојц ова беше прв златен медал од Светските првенства.

Второто место и сребрениот медал му припадна на „златниот“ од супервелеслаломот Ерик Геј од Канада кој беше побавен за 0.12 секунди зад Фојц.

На победничкиот подиум се најде и Макс Франц од Австрија кој трката ја заврши за 1:39.28 минути.

За само две стоти делови од секундата бронзениот медал му „избега“ на Патрик Кунг, додека еден од фаворитите за највисок пласман, Норвежанецот Ќетил Јансурд трката ја заврши на петтата позиција.

Натпреварите на скијачкиот Мундијал во Швајцарија продолжуваат утре со дисциплината комбинација во машка конкуренција.

loading...
  Категории: