Едмонд Темелко со гаранција од 197.000 евра ќе се брани од слобода

Едмонд Темелко со гаранција од 197.000 евра ќе се брани од слобода
16.05.18   15:55

Прочитано : 85

Print This Article
loading...

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, ќе се брани од слобода, односно Кривичниот совет одлучи да му ја укине мерката куќен притвор, бидејќи Темелко понудил гаранција.

Темелко е еден од обвинетите во случајот „Титаник“ на СЈО, а како што пренесува „Фокус“, тој како гаранција понудил имот вреден 197.000 евра.

-Кривичниот совет постапувајќи по предлог на одбраната наобвинетиот Е.Т. обвинет во предметот со КОК . бр 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, донесе решение со кое го уважи предлогот за укинување на мерката куќен притвор со понудена гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на Агенцијата за катастар, мерката куќен притвор ќе се укине и се уважува предлогот на СЈО со кој заради обезбедување присуство во текот на постапката му се определуваат мерки за претпазливост и тоа: Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Основен суд Ресен и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, информираат од Кривичниот суд.

  Категории: