Две делегации на ВМРО – ДПМНЕ на Самитот на ЕПП

Две делегации на ВМРО – ДПМНЕ на Самитот на ЕПП

Од денеска па до четврток во Хелсинки, Финска, на Самитот на Народната партија ќе учествуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николовски, интернационалниот  партиски секретар Владимир Ѓорчев и советникот  за надворешна политика Тимчо Муцунски.

Во исто време, на истото место 1 тв дознава дека ЕПП ги поканила и претставниците на реформското крило на партијата Петар Богојевски, Костадин Богданов, но и екс потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, кои неодамна беа разрешени од партиските функции, поради ставот дека не треба да се бојкотира референдумот за името. Партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски потврди дека делегалцијата предводена од Мицкоски веќе е таму и ќе учествува како официјално поканета делегација од ЕПП. Според Арсовски ова е редовен Конгрес на ЕПП на кој учествуваат работни тела на кој партиските претставници треба да информираат во која насока се движи партијата.

Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е изолирана, вели Арсовски за 1тв.  И во реформското крило на партијата ни потврдуваат дека ЕПП ги поканила Петар Богојевски и Костадин Богданов. Велат дека  прифатиле да учествуваат на Конгресот во Хелсинки, како проевропски дел од партијата. Според нашите извори ова е првпат две делегации на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на Самит на ЕПП. Поканата до нив ја толкуваат како интерес од сестринските паратии директно да слушнат што се случува во ВМРО-ДПМНЕ. Уште се соменваат дека ова би значело дека покрај Америка ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изолирана и од европските сестрински партии. Митко Јанчев не беше достапен за информација дале е поканет на Конгресот на ЕПП.

Познавачите на состојбите во партијата која беше на власт од 2006 до 2017 и која западна во криза поради злоупотреба на власта, велат дека ВМРО-ДПМНЕ и по три години нема спроведено никакви подлабоки реформи, кои би и овозможиле нов почеток. Додаваат дека односите меѓу Европската народна партија и ВМРО-ДПМНЕ се влошиле откако ЕПП се заложија за имплементација на договорот со Грција.