Двајцата величествени

Двајцата величествени
13.06.18   12:49

Прочитано : 2,067

Print This Article
loading...

Заев и Ципрас покажаа визија и храброст.Тие со својата одважност ја менуваат сликата за балканските политичари.

Им останува само уште една задача. Би било добро Панос Каменост на покана од Заев да добие можност следните месеци во сите поголеми градови во Македонија да објаснува колку со овој договор добива Македонија а губи Грција. И обратно. Христијан Мицковски да биде поканет од Ципрас и да добие можност на грчката јавност да и објаснуваат за колкава капитулација на Македонија се работи.

Сега на нив треба да им се препушти работата.

Договорот е добар се додека националистичките опозиции во двете земји сметаат дека не е добар.

Остана незабележано и дека договорите со сите земји па и со Бугарија од сега натаму ќе се потпишуваат на македонски јазик без додавката според Уставот на Република Македонија.

Ѓорѓи Спасов – Фејсбук статус

loading...
  Категории: