Двајца потешко и тројца полесно повредени во сообраќајка на излезот од Пробиштип

Двајца потешко и тројца полесно повредени во сообраќајка на излезот од Пробиштип
21.01.18   13:12

Прочитано : 135

Print This Article
loading...

Вчера во 16,25 часот на ул. „Миро Барага“ во близина на излезот од Пробиштип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Мерива“ со кочански регистерски таблици управувано од Д.Н. (32) од Кочани и патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со струшки регистерски таблици управувано од К.Д. (53) од Пробиштип.

Од страна на Територијалната противпожарна едниница-Пробиштип било интервенирано и од возилото „Сеад Толедо“ биле извлечени возачот К.Д. кој што заедно со еден од неговите сопатници Г.Д. се здобиле со тешки телесни повреди, а другите двајца сопатници А.Д. и С.Д. се здобиле со телесни повреди.

Исто така со телесни повреди се здобил и возачот на “опел-от“ Д.Н. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.

  Категории: