Драма во Кисела Вода: Маж нападнал 11 годишно дете во двор на основно училиште, а потоа се степал со уште четири лица

Драма во Кисела Вода: Маж нападнал 11 годишно дете во двор на основно училиште, а потоа се степал со уште четири лица
11.10.18   14:43

Прочитано : 725

Print This Article
loading...

Во текот на вчерашниот ден било пријавено дека околу 16.30 часот во дворот на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ на улица „Пушкинова“ во Скопје лицето А.С.(51) од Скопје физички нападнал 11-годишно момче. А.С. физички го нападнал и лицето З.В.(61) од Скопје, кој се обидел да го заштити детето.

Набргу потоа А.С. започнал и тепачка со лицата Д.П.(20), С.Н.(38) и К.Л.(36), сите од Скопје, кои реагирале на физичкиот напад на А.С. врз 11-годишното момче и З.В..

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

loading...
  Категории: