Драма пред свадбата – таткото на Меган имал срцев удар?

Драма пред свадбата – таткото на Меган имал срцев удар?
16.05.18   15:11

Прочитано : 463

Print This Article
loading...

Ќе дојде или не? На само три дена до свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, таткото на невестата е причина за иритации. Фановите на кралското семејство имаат разбирање за двојката.
Нов пресврт во драмата со таткото на Меган Маркл пред свадбата. Тој наводно поради денешната операција на срцето нема да присуствува на венчањето в сабота, 19 мај.

Медиумите јавуваат дека таткото на Меган доживеал срцев удар и морало да му биде ставен стент. Томас Маркл живее повлечено во мексиканското гратче Розарито и во САД. Тој пред два дена предизвика скандал со тоа што откажа свое присуство на свадбата. Како причина наведе дека не сака да ги доведе во непријатност ќерката и кралското семејство. Тоа беше негова реакција на обвинувањата дека местел свои папараци-фотографии за пари.

Фановите на кралското семејство се полни со разбирање за двојката Хари-Меган.

Марија Скот, која допатувала од Њукасл за да ја проследи свадбата, вели:

„Мора да е срцепарателно поради недоаѓањето на нејзиниот татко и неговото слабо здравје. Мора навистина да е вознемирувачки, но сигурна сум дека мајќа и’ ќе заврши одлична работа.“

Тери Хат, фан-ветеран, кој кампувал за да следи неколку кралски свадби, е уверен:

„Што и да велат за Меган и Хари, тие се заљубени. Тоа е она што е важно.“

извор: ДВ

  Категории: