Доктор Митко Тилев кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ

Доктор Митко Тилев кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ
13.09.17   14:04

Прочитано : 1,362

Print This Article

Докторот Митко Тилев ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, објави МХ радио.

Листата за советници од редовите на оваа партија ќе ја предводи Претседателот на Општинскиот Комитет Кирил Пецаков, објави Охрид1.

Оваа одлука најверојатно официјално ќе биде соопштена во текот на утрешниот ден.

Негов противкандидат од СДСМ е професорот на ФТУ, Јован Стојаноски.

Либертас веќе објави дека актуелниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, кон кого беа насочени сите погледи на ВМРО-ДПМНЕ, доверувајќи му кандидатура за уште еден мандат, конечно и се заблагодарил на партијата.

Наводно, овој познатиот кардиолог, веќе им соопштил на сопартијците, дека повеќе нема да трча за политиката, односно за народот – преку политиката, туку преку својата дејност, каде е навистина докажан и потврден и каде народот, го очекува и би сакал да го види.

Бакрачески проценил дека престојниот период треба повеќе да се посвети на приватните и професионалните предизвици, дека жали за тоа што го остава градот во фаза на многу започнати проекти, проекти кои се при крај на реализација, но и договорени капитални зафати, кои ќе завршат во друг мандат, но дека одлуката е дефинитивна.

  Категории:
view more articles

Останати вести