Договорот со Грција е конститутивен акт

Договорот со Грција е конститутивен акт
13.06.18   17:40

Прочитано : 1,416

Print This Article
loading...

Ова не е победа на Македонија над Грција туку е победа на Македонија над самата себе. Над своите стравови и комплекси што ги беше изградила како одбранбена линија меѓу себе и слободниот свет. Како средство за себеизмачување со помош на партнерите од таканаречената политичка елита, специјално на таа од вмровскиот садомазо праисход. Во релативниот однос на силите и внатре и надвор, ова е како победа на МЗТ над Голден стејт.

Која беше можна затоа што за МЗТ настапија Стив Кари, Кевин Дурент и Клај Томпсон. Договорот е историски акт со асномска тежина. Конститутивен акт. Пресен извод од новиот регистер на државите и нациите. Извод од регистерот на родените.

На референдумот треба да се гледа како на чин на ослободувањето и прославувањето, а не само како чин на одлучувањето. Зашто, ниту народот нема право да кажува дали ќе живееме или не. Еднаш веќе напишав дека Заев ќе влезе во националниот пантеон пред некои луѓе од химната. Сега го потврдувам тоа.

Честитки за резултатот и за идејната основа што ја откри и која го доведе до договорот. Признание и наклон до министерот Димитров. До Османи исто така. Се разбира и до Шекеринска како и до целата влада и до сите нејзини надворешни соработници. Противниците се тука за да ги совладуваме и култувираме. Што на политичката и медиумска сцена, што по судовите и затворите.

Бранко Тричковски

loading...
  Категории: