Димитров по скандалозниот прекин на средбата на Водно: Ќе нѐ биде… и покрај Иванов

Димитров по скандалозниот прекин на средбата на Водно: Ќе нѐ биде… и покрај Иванов
13.06.18   13:02

Прочитано : 3,228

Print This Article
loading...

Шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за Дојче веле по скандалозниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов вели дека никој нема право да го спречува изборот на граѓаните.

Одлуката на претседателот Иванов да ја прекине денешната средба со премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров на која требаше да биде информиран за содржината на договорот со Грција, според министерот Димитров нема да го спречи изнаоѓањето решение за спорот.

„Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност. Дадовме сѐ од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор. Без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор. Никој нема право да одлучува во името на граѓаните. Ќе не биде… и покрај Иванов“, вели Димитров за ДВ.

Утринскиот состанокот меѓу Заев, Димитров и Иванов за постигнатиот договор со Грција во спорот за името, траел само две минути, како што соопшти кабинетот на претседателот.

Од Владата велат дека Иванов одбил да ги сослуша Заев и Димитров и дека го напуштил состанокот. Иванов воопшто не сакал да разговара со Заев и Димитров и само побарал да ја остават писмената верзија на договорот и си заминал.

loading...