Димитриев, Тодорoв и Поповски треба ведаш да ги напуштат министерските функции во владата. Позицијата пратеник е неспоива со вршење на друга јавна функција  

Димитриев, Тодорoв и Поповски треба ведаш да ги напуштат министерските функции во владата. Позицијата пратеник е неспоива со вршење на друга јавна функција   
11.01.17   18:46

Прочитано : 3,421

Print This Article

Согласно членовите 63 и 89 од Уставот на Република Македонија, функцијата пратеник е неспоива со ниту една друга јавна функција или позиција. Бидејќи техничкиот премиер Емил Димитриев, како и министрите за надворешни работи и здравство Поповски и Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, беа избрани за пратеници во новиот парламентарен состав, нивните функции во извршната власт треба веднаш да престанат, и пред да биде формирана новата Влада,  коментираат професори по Уставно право и Политички системи,  за „Либертас“.

todorov-poposki

Согласно Уставот, сите пратеници од досегашната владеачка коалиција на ДПМНЕ и ДУИ кои имале позиции во извршната влас, а во меѓувреме станале пратенци во Собранието, треба веднаш да ги напушат министерските, заменичко министерските, и сите останати позиции кои ги имаат во владата или нејзините агенции и јавни претпријатија. Согласно Членот 63 од Уставот на Македонија, со закон се утврдува неспоивоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии. Согласно оваа јасна позиција која ја пропишал уставотворецот, досегашните министри за здравство Никола Тодоров, за надворешни работи Никола Поповски, но и премиерот Емил Димитриев треба  веднаш да ги напуштат министерските позиции и премиерската функција, или во меѓувреме на нова седница во Собранието да се откажат од пратеничката функција.

Нашите соговорници истакнуваат и дека иако тече рокот даден на новиот мандатар за формирање на влада, досегашните министри треба да поднесат оставки на своите позиции во владата и да не учествуваат во работата на владата и министерствата, бидејќи тоа е неспоиво со функцијата пратеник.

На овој начин, со неподнесувањето на оставки, досегашните министри и други извршни функционери кои станале пратеници го кршат уставот и законот за Собрание, потенцираат нашите соговорници. Во минатите денови, во јавноста беше забележано како техникиот премиер Емил Димитриев учествува на мноштво протоколарни средби, а Никола Тодоров иако е избран за пратеник најавуваше нова изградба на клинички центар и реконструкција на Градската хируршка болница, од позиција на министер, додека пак Никола Поповски исто така од позиција на министер за надворешни работи, вчера испрати протестна нота до албанскиот премиер Еди Рама за мешање во внатрешните работи на Македонија.

К.Е.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o