Диме Спасов вечерва предизвикал сообраќајка и избегал

Диме Спасов вечерва предизвикал сообраќајка и избегал
29.10.16   00:59

Прочитано : 11,770

Print This Article
loading...

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов вечерва предизвикал тешка сообраќајна несреќа во скопската населбата Тафталиџе во општина Карпош, во близина на Катастарот, и побегнал од местото на настанот, дознава Либертас од полициски извори.

spasov-dime-640x480[1]

Според очевидци, Спасов најверојатно управувал со моторно возило во алкохолизирана состојба.

Во несреќата настрадале неколку други автомобили. Увидот е во тек.

Автомобилот што го управувал е во сопственост на Агенцијата за вработување, а по Спасов се трага од страна на полицијата.

Неофицијално, во возилото со него имало и сопатничка.

Дополнето:

Спасов обвинува за невистини, но не кажува што се случило и дали избегал по сообраќајката

ДЕТАЛИ: Диме Спасов направил сообраќајка и трчал за да избега од полицијата, но Алфите го фатиле

МВР ОФИЦИЈАЛНО: Диме Спасов удрил едно возило, па бегајќи удрил во уште едно возило, а кога бил сопрен од полицајци избегал со трчање

  Категории: