Денови кои носат промена во Април

Денови кои носат промена во Април
16.04.18   10:39

Прочитано : 212

Print This Article
loading...

Во текот на месец април, односно на 17.04.2018, 19.04.2018, 24.04.2018 и 26.04.2018 ќе се одржи четири дневен тренинг – НЛП Стартер, на кој преку примена на техниките од невро-лингвистичкото програмирање и вежбите од системската работа посетителите ќе имаат можност да се запознаат со значењето на бизнис психолохијата, како и поврзаноста на процесите на личен и професионален развој.


Често пати секојдневниот живот се среќаваме со различни предизвици во кои се впуштаме без да обрнеме внимание дали само реагираме или свесно преземаме акција и одиме во насоката каде што сакаме да се движиме? И колку пати во тие процеси успеваме да научиме нешто повеќе од самото надминување на предизвикот и остварувањето на целта? Колку успеваме да извлечеме, да добиеме нешто за себе и да направиме трансформација која ќе донесе трајни и позитивни промени во нашиот живот?

Овие теми се вклучени во исклучителниот 4- дневен тренинг НЛП Стартер, кој е дел од програмите во Центарот за бизнис психологија, Системска & НЛП. Повеќе информации за тоа како може да станете дел од овој настан побарајте тука.

Примената на НЛП техниките овозможува трајни промени во процесите на личниот развој, како и во развојот на бизнисите, организациите и останатите сегменти кои се дел од комплексната целина во која сите припаѓаме. Невро-лингвистичкото програмирање е патување кое ќе го паметите секогаш, кое ќе Ви овозможи да го разбудите во Вас она што вистински го посакувате.
НЛП Стартерот ќе Ви овозможи да го зајакнете Вашиот ментален имунитет и на тој начин да креирате баланс на полето на телото, енергијата и емоциите. Ќе бидете во можност да откриете дали припаѓате во тимот во којшто работите, дали се идентификувате со целите и мисијата на организацијата, дали припаѓате во самата нејзина поставеност и сл. Она што е уникатно во оваа програма е примената на системската работа и системскиот пристап во истата, при што Центарот за бизнис психологија, Системска & НЛП е единствен центар на Балканот кој посветено го применува таквиот пристап.
Невро-лингвистичкото програмирање е програма за позитивна промена, дизајнирана за постигнување на трајни и одржливи промени во развојот на индивидуите и бизнисите.
Доколку сакате:
• Личен и професионален развој;
• Да ја разберете поврзаноста на фамилијарните системи и организациските процеси;
• Да идентификувате дали припаѓате во тимот и самата поставеност на организцијата во која работите;
• Подобра конекција и релација со луѓето;
• Нови можности и перспеспективи во Вашиот живот;
• Да откритете што е тоа што ве мотивира и ве води напред;
• Да го разберете значењето на бизнис психологијата и процесите на личен и професионален развој;
• Практично да ги искусите моќните НЛП техники и вежби од системската работа, кои се веднаш применливи во ситуациите од секојдневниот живот, тогаш
Време е да го започнете Вашето НЛП патување, и да се приклучите на НЛП Стартер – от, денови кои ќе донесат трајни и позитивни промени за Вас и луѓето околу Вас.
Тренингот ќе го води Марина Анчевска, НЛП тренер, бизнис и лајфстајл коуч, мотивациски говорител, јога учител и холистички терапевт.
Можностите се насекаде околу Вас, одберете ги вистинските!

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно