Денот на поезијата се одбележува со настанот „Плати со поезија“ на десет локации во Македонија

Денот на поезијата се одбележува со настанот „Плати со поезија“ на десет локации во Македонија
21.03.18   10:54

Прочитано : 34

Print This Article
loading...

Денот на поезијата – 21 Март денеска по четврти пат ќе се одбележи со настанот „Плати со поезија“ во Скопје и во Велес.  Сите што ќе напишат стих или песна може да се напијат кафе или чај во локалите што се вклучени во акцијата.

Настанот се одржува во десетици земји во организација на виенскиот произведувач на кафе и чај Јулиус Мајнл, со цел да се поттикне пишувањето поезија.

„Плати со поезија“ ќе се одржи во девет локали во Скопје (Лофт, Ревија, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џуси бар, Сквер21) и во Чао кафе во Велес. Во кампањата се вклучени дваесетина поети кои ќе ги разменуваат своите искуства и мислења со секој кој ја сака поезијата.

– Оваа година за разлика од минатото, движењето презеде еден чекор повеќе и на меѓународно ниво Јулиус Мајнл сака да докаже дека поезијата е духот на музиката, која е универзалниот јазик. Затоа Јулиус Мајнл заедно со познатиот музичар ЈП Купер ќе создадат песна која ќе ги поттикне поетите од цел свет, соопштија организаторите.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести