Денеска сончево и топло, од утре со пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал 4 до 11, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во четврток во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер. Услови за краткотраен локален дожд ќе има во петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.

 

 

Back to top button
Close