Денеска облачно со сончеви периоди, утре дожд

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден.

Во попладневните часови, според УХМР, ќе има локален слаб дожд кој краткотрајно ќе биде пороен, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде од 2 до 9 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи во интервал од 10 до 24 степени.

Во Скопје, според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.

За утре, синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Скопје, и утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре ќе се движи од 4 до 20 Целзиусови степени.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close