Парламентарни избори во Луксембург

Парламентарни избори во Луксембург
11.10.18   12:47

Прочитано : 31

Print This Article
loading...
luksenburg

Во Луксембург денеска се одржуваат парламентарни избори, а социолошките истражувања покажуваат дека победник ќе биде Христијанско-националната партија, што е многу веројатно сегашниот премиер Ксавие Бетел од либералната Демократска партија да ја загуби функцијата.

Доколку се случи тоа, ќе биде на удар и формираниот сојуз од францускиот претседател Емануел Макрон со лидерите на Белгија, Холандија и Луксембург, чија цел е заштита на обединета Европа од национализмот.

Резултатите од денешното гласање ќе покажат дали коалицијата меѓу Демократската партија, Луксембуршката социјалистичка работничка партија и „Зелените“ ќе успее да се задржи на власт, или новата влада ќе ја состават други политички сили.

– Најважниот мотив за гласање на парламентарните избори е економската ситуација на Луксембург, нагласи политикологот од Луксембуршкиот универзитет Филип Поарие.

Првичните резултати од изборите ќе бидат објавени вечерва, по што ќе започне период на преговори за состав на влада.

loading...
  Категории: