Брисел бара од тутунските компании да го финансираат собирањето на отпушоци

Брисел бара од тутунските компании да го финансираат собирањето на отпушоци
9.10.18   17:06

Прочитано : 99

Print This Article
loading...

Брисел бара од тутунските компании да го финансираат собирањето на отпушоци

Градските власти на Брисел побараа од тутунската индустрија да преземе дел од трошоците за собирање отпушоци од улиците на белгискиот главен град, бидејќи е забележано дека тој вид на смет има тренд на раст.

Во писмо испратено до филијалата на американската компанија „Филип Морис“ и до белгиските компании „Цимабел“ и „Фетабел“, локалните власти бараат да учествуваат со околу 200.000 евра во расходите за чистење на отпушоците од улиците.

Околу десет милиони отпушоци дневно се фрлаат во Белгија, а од нив најмногу во Брисел и околината.

loading...
  Категории: