Богов ја повлече кандидатурата за гувернер на Народна банка

Богов ја повлече кандидатурата за гувернер на Народна банка
16.05.18   15:24

Прочитано : 112

Print This Article
loading...

На четири дена од истекот на мандатот, гувернерот на Народна банка, Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за втор мандат и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувренерски мандат.

Во пишаната изјава за МИА, Богов посочува дека со внимание ја следел дебатата во јавноста поврзана со предлогот по втор пат да биде именуван за гувернер на Народната банка и оти одлуката ја донел имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите во политиката и роковите за избор на гувернер.

– Во оваа пригода би сакал да му се заблагодарам на претседателот Ѓорге Иванов за довербата што ми ја даде со моето повторно предложување за прв човек на Народната банка, што за мене лично претставува валоризација на сработеното во изминатите седум години. Имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка, за што веќе го известив претседателот – вели Богов.

Тој верува дека во периодот што претстои ќе се изнајде решение и во најскоро време ќе биде предложен нов кандидат за гувернер на Народната банка, од редот на професионалците, кој ќе добие консензуална политичка поддршка.

– Народната банка не смее да се остави без гувернер. Очекувам решение во најкус можен рок, што ќе биде во интерес на Македонија – потенцира Богов.

Мандатот на Богов како гувернер на НБРМ завршува на 20 мај.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести