Блејк Лајви ја сподели единствената причина заради која е успешна

Блејк Лајви ја сподели единствената причина заради која е успешна
13.03.17   14:08

Прочитано : 453

Print This Article

Секој родител се соочува со предизвикот како да го воспитува своето дете и какви совети да споделува со него за да напредува како личност и да гради своја кариера.

4808596af7

Некои родители одлучуваат да ги притискаат своите деца да станат најдобри и најуспешни што можат, други ги оставаат сами да откријат што е тоа што ги интересира, а третите се некаде во златната средина.

На галата „L’Oreál Women of Worth“ Блејк Лајви реши да сподели со јавноста што ја научила нејзината мајка.

„Без разлика на тоа што правев на училиште, какви проекти имав, дали работев на нешто креативно, мајка ми секогаш ми велеше: „Не можеш да утнеш.“. И да можеби знаев да утнам одредени работи и да погрешам, ама со самиот факт што таа ме поттикнуваше да верувам дека не можам да погрешам, се чувствував како навистина да не можам да згрешам“ – изјави Блејк.

„Ризикував и правев работи кои да бев препуштена сама на себе, ќе се ограничував и немаше да ги правам“ – објаснува таа.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: