Без паника, без бегање по улици, по други градови и сл...

Без паника, без бегање по улици, по други градови и сл...

Сеизмолозите она стандардното, предшокови, шокови, афтершокови, тектоника на плочи, блокови. Ги разбирам и нив, 2 децении нема пари за современи истражувања, инструменти, сензори…

8954985490434

Јасно дека земјотресите се временски и просторно непредвидливи во утврдените сеизмички зони, ама се уште се базираме на оние прекрасни и детални геофизички и сеизмички истражувања од 1960-тите, 70-тите и 80-тите.

Се уште користиме геотектонски карти од тој период, со мали прежвакувања во последните децении. Со сето мое скромно знаење, некои ми го кажуваат она истото од пред 50 години дека земјотреси во Македонија и Скопско (вклучувајќи ја и последната серија) се само и само од тектонски (ендогени) причини.

Меѓутоа, најновите истражувања по светот не велат така. Во постоечки сеизмички активни подрачја, земјотреси може да се иницираат од премногу врнежи и поплави (огромна количина вода со тежина од милиони тони, влажење на меѓураседните површини и др.), потоа од појава на невреме со менување на атмосферски притисок (зголемен притисок на мали тектонски блокови), гравитациско влијание на блиските небесни тела, појава на земјотреси на голема оддалеченост долж т.н. континентални сеизмички линии и сл.

Некои дури ми укажаа дека безвезе сум лупнал на 24 вести дека можно е големата количина на врнежи во минатите месец и повеќе (заедно со поплавите) да имаат макар минимално „окидачко“ дејство во иницијација на должраседните движења. Посебно ако се има во предвид што езерско-речните седименти во Скопската депресија се дебели повеќе стотици метри (на некои места и до 2 km), а земјотресите се релативно плитки. И јас бев скептик за вакво нешто до пред недела-две, ама кога изначитав еден куп истражувања по светот – не било толку невозможно. А кога побарав слично истражување кај нас – no results.

Како и да е, мислам дека минатите 2 дена земјотресите ослободија сосема доволна енергија, а блоковите долу под нас – долж СЦГ и ЌСД расед кои прават проблеми, се наместија привремено. Можеби уште 1-2 послаби ноќеска или утре и толку. Следната ваква епизода веројатно ќе ја дочекаме за 10, 20 или повеќе години. Но битно е градбите ни се доволно цврсти да издржат солидна магнитуда – доказ – на 5,2М немаше ниту едно сериозно оштетување на објект, макар и постар.

Затоа без паника, без бегање по улици, по други градови и сл. Слободно спијте.”

Фејсбук статус на д-р Ивица Милевски, професор на Институтот за географија при ПМФ во Скопје