Бакрачески му се заблагодарил на Груевски, нема да се бори за втор мандат во Охрид – партијата во небрано

Бакрачески му се заблагодарил на Груевски, нема да се бори за втор мандат во Охрид – партијата во небрано
8.09.17   10:40

Прочитано : 5,717

Print This Article

Актуелниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, кон кого беа насочени сите погледи на ВМРО-ДПМНЕ, доверувајќи му кандидатура за уште еден мандат, конечно и се заблагодарил на партијата, дознава Либертас.

Лидерот Никола Груевски, тоа го става во непријатна, а можеби и губитничка позиција.

Од другата, соперничката страна, СДСМ одамна го објави својот адут-професорот на ФТУ, Јован Стојаноски, а долгото тактизирање на ВМРО ДПМНЕ само му одеше во прилог.

Познавачите, не ја исклучуваат можноста, сега Груевски, да парира на ист начин, со тоа што, без Бакрачески, ќе заигра „на истата карта“ од „душманите“, со деканот на ФТУ од Охрид, професор д-р Цветко Андреески.

Не е исклучена и опцијата, Сашо Стефаноски, екс директорот на ФЗО, охриѓанец по потекло, од општина Центар, да биде „прекомандуван“ во Охрид.

Во јавноста се вртат имињата на Цветко Грозданов, екс директор на ПУИК, Харалампие Шокаровски-екс пратеник, Стефан Димоски, портпарол во СВР во Охрид, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски – актуелни пратеници.

Последните двајца, би биле најпосакуваната варијатна за СДСМ и коалицијата, со оглед на фактот што тие се општопознати во јавноста како вратарите од „Крвавиот четврток“ во Собранието на Република Македонија.

Лидерот на партијата, разговарал и со портпаролот Стефан Димоски, но тој заминал на 15-дневен службен престој во НР Кина, во својство на портпарол во МВР.

Актуелниот градоначалник Бакрачески, во моментов, исто така, е во Белград на меѓународен семинар за интервентна кардиологија.

Наводно, овој познатиот кардиолог, веќе им соопштил на сопартијците, дека повеќе нема да трча за политиката, односно за народот – преку политиката, туку преку својата дејност, каде е навистина докажан и потврден и каде народот, го очекува и би сакал да го види.

Бакрачески проценил дека престојниот период треба повеќе да се посвети на приватните и професионалните предизвици, дека жали за тоа што го остава градот во фаза на многу започнати проекти, проекти кои се при крај на реализација, но и договорени капитални зафати, кои ќе завршат во друг мандат, но дека одлуката е дефинитивна.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести