Анима мунди: Животни умирале врзани во поплавата

Анима мунди: Животни умирале врзани во поплавата
8.08.16   15:06

Прочитано : 2,082

Print This Article

Соопштение на здружението за заштита на животните, Анима мунди:

13936821_10208440419641251_107785211_n

Ни пристигаат информации дека во поплавените реони има масовен помор на животните при што животните умирале бидејќи биле затворени и врзани – за тоа сведочи и оваа фотографија од удавено животно (овца) за време на вчерашната поплава која е згрозувачка и потресна. Ова животно е удавено бидејќи сопственикот го врзал за нога, за да не може да избега. Врзана за нога оваа овца минала низ агонија и умрела, апсолутно немоќна да се спаси. Ниту едно живо битие не смее да биде присилено и изложено на такво страдање.

Апелираме веднаш до сите во кризните реони да ги ослободат животните, одврзат, за да не им се ускрати можноста да се засолнат и спасат.

Се обраќаме до јавноста и институциите, Direkcija Za Zastita I Spasuvanje , Agencija za hrana i veterinarstvo na Republika Makedonija, Дирекција за заштита и спасување – Влада на Република Македонија да и нив како живи битија не ги забораваат, туку да им се помогне.

Стоиме на располагање да помогнеме за вет. интервенции за повредени животни од поплавите при што секој може да не контактира на 077 487 253, 077 487 255

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести