Анима Мунди: Во Железара за спорт се смета мачење петли – итно да се откаже закажаната ативност

Анима Мунди: Во Железара за спорт се смета мачење петли – итно да се откаже закажаната ативност
1.09.16   15:57

Прочитано : 447

Print This Article

Соопштение на Анима мунди:

14199534_10210895958898971_2927968151462646437_n

Почитувани, мачење на животни, нивно излагање на стрес, траума, болка е најавено како спортска активност на настанот „Спортски игри во Железара, во организација на КФМ Железарец. Настанот почнува уте,трае од 2 до 15 септември. Како што може да се види на самиот леток меѓу активностите влечење на јаже, хулахоп, пинг понг, пеење, тенис, летокот имаат дисциплина бркање петел.

>Бркање петли можеби се третирало како спортска активност во средниот век, но сега не е , и не смее да биде – поточно тој претставува чин на насилство врз животните, изживување, предизвикување страв и траума на животните и е казниво и со Законот за заштита на животни, како и Кривичниот закон на РМ. Срамно и неприфатливо е да ваквиот акт се доживува како нормален и забавен, спортски, а уште поскандалозно е да се пласира како нормален меѓу децата, кои треба да го бркаат до изнемоштеност и фатат несреќното животно. Петлите се птици и не е потребно многу ум за да се свати дека за нив бркањето од толпа предизвикува силен страв од кој може во миг да умрат, а кубањето (ловењето, насилното фаќање) не е нишо друго туку предизвикување непотребна физичка болка.
Настанот започнува утре. Ги повикуваме организаторите веднаш да се оградат од најавената активност и да никогаш повеќе во иднина не помислат да ја повторат.
Во напредни спортски центри спортот се подразбира како натпревар помеѓу рамноправни, доброволно пријавени (учесници), а не за изживување кон послабите и оние кои зависат од човековата милост. Животните не се експонати и тоа секому мора да му е јасно, во 21 век!
Децата не смеат да бидат учени, подучувани да гледаат на насилството нормално, туку треба да знаат дека животните како и ние чувствуваат, дека никако не смеат да повредат животно. Да се учат исклучиво на хуманост и сочувствителност зошто само така ќе пораснат во здрави и одговорни индивидуи кои општеството ќе го носат напред.

Доколку ургентно активноста која подразбира мачење животни не биде откажана, ќе ги покренеме сите правни механизми за да организаторите одговараат по основ на Законот за заштита и благосостојба на животните, Кривичниот закон на РМ (како правен субјект) со што длабоко ќе се искомпромитираст во светот на спортот и пошироко.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести