„Анима мунди“: Спасен мршојадец, глувчар, ослободен волк

„Анима мунди“: Спасен мршојадец, глувчар, ослободен волк

Здружението за заштита на правата на животните „Анима мунди“ информира дека Државниот инспекторат за ловство сериозно и ажурно пристапува кон случаите на мачење/злоупотреба/убивање на животните кои им се пријавуваат.

аним

„Така од последните случаи кои ги имаме пријавено во Државниот инспекторат во рекорден рок се ослободени /спасени мршојадец, птица грабливка глувчар, како и мал волк кој е вратен во природа. Нивната покажана професионалност во овие случаи заслужува внимание и за истата искажуваме јавна благодарност. Ги повикуваме граѓаните секогаш да пријавуваат мачење на животните, а институциите да го следат позитивниот пример кој им го дава Државниот инспекторат за ловство“, се наведува во соопштението.