Анима мунди: Со отрови кои со вдишување би убиле и човек масовно се убиваат животни во Струга!

Анима мунди: Со отрови кои со вдишување би убиле и човек масовно се убиваат животни во Струга!
29.08.16   13:01

Прочитано : 445

Print This Article

Соопштение на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“:

11124718_1582270522053003_2090170342558215188_o

Во екот на туристичката сезона, кога Струга е дестинација на бројни туристи од Македонија и од странство, масовно и на територија на целиот град се поставува отров при што беа затруени/ и се трујат бројни бездомни кучиња, мачки, птици но и кучиња со сопственик кој своите кучиња ги изнесле на прошетка.

Улиците на Струга сведочат на масовен помор на животни, грозоморие и умоболие со кое ние граѓаните се соочуваме во 21 век. Дел од кучињата биле миленици на деца и им умирале пред очи. Не контактираат мештаните, децата но и туристите со згрозеност и неверување за ова што се случува, во шок и со тврдење дека сведочат на кошмар, дека никогаш повеќе нема да го посетат овој град!

Потсетуваме уште еднаш дека поставувањето отрови е кривично дело за кое е предвидена затворска казна и до три години. Отровите кои се поставуваат кај нас се достапни буквално со секоја аптека (пример инсектицидот „Метомил” од 90 проценти е отров со кој може да се затруе половина град,а нашите аптеки го издаваат без никаква регистрација на купувачот, ниту пак го прашуваат за неговата намена!). Голем дел од овие отрови се забранети во ЕУ а кај нас се во широка продажба и со нив се извршуваат масовни убиства на животните.

Прашуваме дали општина Струга презела некакви мерки изминатава недела за да ги заштити своите граѓани ( и животните кои законот ги штити како свесни битија со кои хумано треба да се третира и кривично се казнува изживувањето врз нив)?

Дали општина Струга е запознаена дека на нејзина територија се расфрлаат најсмртоносни отрови при што се загрозува и човечкиот живот? Дали надлежните органи во општина Струга ( МВР, инспектори за животна средина) воопшто се запознаени какви кривични дела се вршат во нивната општина и дали презеле конкретни дејствија за решавање на истите?

Проблемот со бездомните животни е проблем кој се пролонгира со децении,а вината во тоа ја лоцираме во немањето институционална и политичка волја за решавање на проблемот.

Решението се состои во едукација на населението, регулација на одговорното сопствеништво (забрани и казни за неконтролирано размножување или напуштање миленик), масовна стерилизација на бездомните и силни кампањи за вдомување, а не со убивање! Животните се на улица, но не по своја вина, туку по вина на неодговорните граѓани кои кога ќе им здосадат ги исфрлаат на улица. Кои нелегално размножуваат и продаваат легла. Кои не ги стерилизраат милениците, па кога ќе им се окучат ги исфрлаат надвор!

Иако се изработени и доставени елаборирани предлог – програми за најхумано решавање на овој проблем, со конкретни успешни примери од европската практика, нашите институции сеуште остануваат неми пред овој круцијален проблем.

Бараме општната недвосмислено да го осуди овој чин и заедно со полицијата покрене истрага. Прашуваме ќе се превземе ли нешто за да запре поморот во Струга, а убијците на животни да одговараат пред закон?

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести