Анима мунди: Итно е потребна помош во сместување на животни од поплавените подрачја (вознемирувачко видео)

Анима мунди: Итно е потребна помош во сместување на животни од поплавените подрачја (вознемирувачко видео)

Соопштение на Анима мунди:

14022368_1180661898656713_602630711537577718_n

– ИТНО е потребно ПРИВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на животни од поплавените подрачја, миленици на луѓе на кои им е поплавено се, кои загубиле и членови од своите семејства! Помогнете, одвојте дел од вашите куќи и дворови, обезбедете простор на сигурно барем неколку дена! Контактирајте не веднаш ако може да помогнете!

Вознемирувачко видео :

– НЕОПХОДНА Е ДОНАЦИЈА ВО ХРАНА, ИЛИ ФИНАНСИИ ЗА ДА КУПИМЕ ХРАНА, зошто многу луѓе ни се јавуваат, многу животни се оставени сами на себе – храната им е единствена шанса да преживеат!

Денарска сметка: 240090002006130
Депонент: Уни Банка АД – Скопје
Доброволен прилог по ваша желба

Доколку сакате ќе ви обезбедиме контакти од лица каде е помош потребна за да ја доставите сами. Или доставете ја храната во Луна пет, до Американ колеџ, лице за контакт: Деспина 071 973 131

– Неопходни се ампули за шуга (неостамосан) или средства за превенција (неопитроид и слично), како и средства за дезинфекција!

БАРАМЕ АЖУРНОСТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ОТКЛОНУВАЊЕ НА МРШИТЕ ОД УМРЕНИ ЖИВОТНИ, се шират зарази!

– Сите кои имаат помош од ветеринар информираме дека Агенција за храна и ветерина има поставено дежурни ветеринари од тимовите стационирани во пунктовите во населените места Инџиково и Црешово и во основните училишта 25 Мај во Сингелиќ и Кирил и Методиј во село Стајковци. Имате право на помош во храна и ветеринар. Доколку побараната помош не ви е на време овозможена, ве повикуваме да не контактирате нас на тел броеви :077 487 253 и 077 487 255.