Анима Мунди до Ферид Мухиќ: Кој е вашиот став во врска со борбите со кучиња?

Анима Мунди до Ферид Мухиќ: Кој е вашиот став во врска со борбите со кучиња?
9.11.16   20:18

Прочитано : 948

Print This Article

Активисти на здружението за заштита на животни „Анима Мунди” упатија јавно обраќање до Проф. д-р Ферид Мухиќ, граѓански кандидат на пратеничката листа на здружената опозиција:

anima mundi

Почитуван Проф. Мухиќ,

Благодарение на Вашата колумна „Борба”, која деновиве привлече внимание во јавноста, имаме морална одговорност да Ви ги поставиме следниве прашања: Кој е вашиот став во врска со борбите со кучиња? Дали сте/сте биле поддржувач, учесник, коорганизатор на борби со кучиња?

Како граѓански кандидат за пратеник на претстојните парламентарни избори очекуваме јавно да кажете дали во обучувањето, изложувањето на животните во околности каде се касапат и борат до смрт гледате спортска дисциплина и облик на забава, или екстремна форма на злоставување на животните, кривично дело и организиран криминал.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести