„Анима мунди“: Да им се помогне на настраданите животни во невремето

„Анима мунди“: Да им се помогне на настраданите животни во невремето
8.08.16   12:34

Прочитано : 308

Print This Article

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ ги повика граѓаните и институциите: Дирекцијата за заштита и спасување и Агенцијата за храна и ветеринарство, да се вклучат во акција за спасување на настраданите животни во невремето во скопскиот регион.

133292089

Од Здружението бараат животните да бидат сместени на безбедно место или граѓаните и институциите на телефонските броеви 077 487 253 и 077 487 255 да ги контактираат здруженијата давајќи точна информација за локацијата, каде животните се во опасност.

Од „Анима мунди“ апелираат граѓаните кои ќе затекнат животно во опасност да сторат се за да му помогнат. Според нив, најважно е да го ослободат (одврзат) животното, бидејќи доколку остане врзано, нема можност да преживее, да се обидат да го сместат на безбедно, да му дадат по можност храна и вода и да побараат помош.

Од Здружението ги повикуваат граѓаните да им доставуваат фотографии и информација за точната локација каде животните се во опасност.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести