Анима Мунди: Бараме најстрога казна за монструмот што се изживувал врз куче

Анима Мунди: Бараме најстрога казна за монструмот што се изживувал врз куче
19.08.16   18:10

Прочитано : 2,625

Print This Article

Анима Мунди по кој знае кој пат сведочи за монструозен случај на изживување врз животно и инсистира сторителот да се пронајде и да биде најстрого казнет, реагираат од таму.

13912654_1812311172337973_1146865353893679732_n (1)

„Две жени во Ѓорче Петров ја пронајдоа оваа кучка, преплашена, во болки, во процес на пораѓање. Ја нарековме Мајка . Некој звер ја удирал, тепал за да на крај ја фрли во вар оваа напатена душа. Роди 3 кученца, двете ги загуби , а и покрај сите обиди и укажана помош не успеа да се спаси ова премило,кротко, несреќно куче. Умре денес. Ве замолуваме за помош и споделување на оваа приказна која не е реткост во нашето општество и која треба да вознемирува, згрозува, плаши!. Замолуваме за сведоштво , доказ за монструмот кој се изживувал врз ова животно, за кого ниту мајчинството не е свето. Лицето кое го сторило ова е социопат, насилник, треба итно да се најде зад решетки. БАРАМЕ НАЈСТРОГА КАЗНА , КОЈА СПОРЕД КРИВИЧНИОТ ЗАКОН ПРЕДВИДУВА И КАЗНА ЗАТВОР.

Не знаеме кој пат по ред апелираме и бараме итно формирање на полиција или посебна служба за заштита на животните, која нема да постои само фигуративно, туку ќе постапува на дело и ќе евидентира, посочува и казнува насилници и насилство на кое не е предмет само човекот.. Но може, и најчесто бива наредна жртва на насилниците“, се вели во реакцијата на „Анима Мунди“.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести