Анима Мунди бара итен закон за заштита на коњите, да не умираат на улиците

Анима Мунди бара итен закон за заштита на коњите, да не умираат на улиците
19.09.17   15:41

Прочитано : 147

Print This Article

Здружението за заштита на животните „ Анима Мунди“ покрена иницијатива до Владата, до Собранието и други институции за донесување законски одредби со кои ќе се регулира заштитата на коњите во државата.Притоа се упатени неколку барања:

Да се направи идентификација на коњите на територија на град Скопје и во  другите урбани општини, да се оцени нивната психофизичка состојба и да се утврдат сопствениците, за да се регулира законски  сопствеништвото.

Да се воведе законска забрана за движење на влечни коли со коњи во урбани средини и на брзи сообраќајници.

Итно да се одземат коњите што се болни, изнемоштени и да се згрижат на безбедна локација,т.е. наменски центар за нивна рехабилитација.

Да се засилат надлежностите на локалната самоуправа за да воведат и тие ваква забрана , како и напасување на јавни провршини.

Да  се обештетат лицата кои користат коњи како превозно сретство или како начин за заработка, обезбедувајќи им друго сретство со кое ќе ја вршат својата работа.

Според „Анима Мунди“, состојбата околу заштитата на овие животни сега е хаотична, што  резултира со голем број на злоупотребувани, малтретирани и преработени коњи, кои во таква исцрпена и лоша состојба ги оставаат по јавните површини низ градовите, да умираат пред очите на населението. Притоа никој не поднесува одговорност, затоа што се нема податоци за сопственикот.

 

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести