Анима мунди бара да се затвори битолската Зоолошка градина поради негрижата за животните

Анима мунди бара да се затвори битолската Зоолошка градина поради негрижата за животните
30.07.17   10:27

Прочитано : 172

Print This Article

 

Организацијата за заштита на животните „Анима мудни“ побара итно затворање на битолската Зоолошка градина, откако посетителите денеска на социјалните мрежи објавија фотографии од мртов волк и мртви птици во кафезите, од мајмуни кои изгледаат прегладнето и дехридрирано.

„Бараме итно затворање на Зоолошката во Битола и најстрога казна за одговорните лица за мачење, негрижа на животните, континуирана закана и опасност по жителите на градот. Потсетуваме, тоа е зоолошка во која противзаконски се заловуваат, сместуваат и убиваат бездомните кучиња во Битола, зоолошка во која пред некоја година избегаа два волка и беа застрелани, но за тоа не одговарал никој иако поднесовме кривични пријави“велат од Анима Мунди.

Од организацијата најавија дека во понеделник ќе поднесат кривични пријави и ќе бараат одземање на дозволата за работа на Зоолошката градина во Битола, како и одземање на сите животни и нивно донирање во центри за ресоцијализација на диви животни во Европа.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести