„Анима мунди“: Ако има казни за уринирање на милениците на зеленило, дали државата ќе им изгради тоалети?

„Анима мунди“: Ако има казни за уринирање на милениците на зеленило, дали државата ќе им изгради тоалети?
11.03.16   11:26

Прочитано : 371

Print This Article

„Шокирани сме со новиот Закон за зеленило кој е влезен во Собранието, во кој, меѓудругото се воведува глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, ако на зеленило за јавна употреба врши уринирање и дефекација на домашни миленици на зеленило. Ова е скандалозна, безобразна, безобѕирна одредба која ја нема никаде во свет и преку која на удар, стигматизација и финансиски линч ќе бидат изложени сите сопственици на животни“, стои во реакцијата на Здружението за заштита на животни „АНИМА МУНДИ”.

anima mundi

„Прашуваме, каде да уринираат животните и дефецираат, ако не на трева и секако да го соберат изметот? Дали државата ќе создаде веднаш тоалети за миленици и по тоа ќе стане прва во светот? Планира ли државата да го полни буџетот од хуманите граѓани, љубителите на животни?

Ваквиот пристап е безобразен и срамен дополнително ако го имаме во предвид фактот дека институциите никогаш ништо не сториле во однос на поставување на канти за измет за животни, ниту пак вршеле едукација – поточно, со исклучок од 2 општии каде тук таму постоела по некоја канта за одлагање на фецесот на животните, сите останати кои постојат ,а ги има во 12 општини во и надвор од Скопје, ги има направено и донирано нашето здружение Анима Мунди! Да не се збуни јавноста – ние сме први и единствени кои промовираме одговорно сопствеништво, собирање на изметот и негово одлагање, но казнување на граѓаните за уринирање на нивното куче е глупост, лудост, незнаење на ЕУ законодавството, класичен нон сенс!

Доколку оваа срамна, смешна одредба не биде итно отстранета, уверуваме дека надлежните ќе бидат соочени со сите сопственици на миленици на улица, дека многу брзо ќе организираме протест“, стои во соопштението на „Анима мунди“.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести